Случајот со силуваното дете кое абортираше и понатаму ја разбранува јавноста

 Случајот со силуваното 13-годишно девојче, штитеник на Заводот за згрижување на деца со воспитни и социјални проблеми „25 Мај“, се уште ја разбранува јавноста.

Директорот на Заводот „25 Мај“ вчера си поднесе оставка од морални причини, а Министерството за труд и социјална политика очекува Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да преземат мерки за да се пронајдат и санкционираат лицата коишто го злоупотребувале девојчето.

- Комисијата веќе утврди дека стручните служби и назначениот старател во неколку наврати ги алармирале надлежните институции за можна сексуална експлоатација на Р.И. Сега се истражуваат сите останати елементи за можно непостапување од страна на претходниот назначен старател на детето, информираа од ресорното Министерство. 

Поднесена е и кривична против 18-годишно момче за случајот.

 

 

 

20.02.2018 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега