Се тргаат таблите на кои пишува аеродром “Александар Велики”

Почна симнувањето на таблите и патоказите на кои пишува аеродром “Александар Велики”. 

Таблите се симнуваат откако и во службен весник беше објавено дека ќе се преименува Аеродромот, како и автопатот во Скопје.

Остана само железната рамка на која треба да се стави новиот патоказ за скопскиот аеродром, кој по преименувањето се вика Меѓународен аеродром “Скопје”.

Има 19 табли кои треба да се променат.

Ознаките на новите табли ќе бидат испишани на македонски и англиски јазик.

 

 

 

20.02.2018 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега