Алоѓозовски: Не одбегнувам одговорност ниту кријам нешто
Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, вели дека процесот на доделување средства преку годишната програма за култура бил максимално отворен и транспарентен и дека нема што да крие.
- Презедовме храбар чекор. Не прикривам ништо, ниту одбегнувам одговорност. Максимално сме отворени за понатамошна соработка со јавноста и надлежните институции. За констатираните неправилности спремни сме да преземеме соодветни чекори на одговорност. Побаравме мислење од Антикорупциска комисија, а секако отворени сме и за Јавното обвинителство и други институции доколку го побараат тоа од нас, изјави денеска Алаѓозовски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа