Студено време и снег а од четврток нов влажен бран
Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на некои повисоки места и на планините од снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјава, особено попладне и во ноќните часови.
Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од четири до 10 степени.
Во Скопје слично време, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до осум степени.
Повеќе врнежи се очекуваат во четврток претпладне кога локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. До петок ќе дува умерен југоисточен ветер. Кон крајот на неделава ќе настапи позначително заладување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа