Полицијата направи претрес на возило во Тетово - едно лице приведено

Вчера околу 11:45 часот, по претходно добиени сознанија, на улица „172“ во село Мала Речица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко возило „Фолксфаген лупо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Р.М. од село Горно Седларце, тетовско.

При преглед на возилото, во торба на задното седиште, била пронајдена автоматска пушка и рамка со шест куршуми. Р.М. бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово, а обезбедено било и возилото што го управувал. Подоцна, во станот во кој живеел под кирија во Тетово, биле пронајдени 26 куршуми со калибар од 7,62 милиметри. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Р.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

21.02.2018 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега