Апелациониот суд ја одби жалбата, Чавков останува во Шутка
Апелацискиот суд ја одби жалбата на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, мерката притвор да му се укине и да се замени со поблага казна.
Вчера на јавна седница тој и неговиот адвокат соопштија дека е нарушено неговото здравје, а дека обвинителството има конфузни и непрецизни обвиненија.
Чавков посочи дека не сакал да бега. Обвинителството пак, остана на ставот дека постојат сериозни ризици тој да избега посочувајќи го како еден од клучните деманти притворот да не му биде уникат.
Митко Чавков го раководеше Бирото за јавна безбедност на крвавиот 27 април, кога беше упадот во Собрание.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа