Драма во Куманово: Две жени и маж нападнале полицаец

Вчера во Секторот за внатрешни работи-Куманово, полициски службеник пријавил дека на 19.02.2018 година околу 10:50 часот во Куманово на улицата „11-ти Октомври“, при вршење служба со специјално возило „пајак“ од страна на 55-годишниот А.Е. од Куманово кој управувал патничко возило „Поло“, бил навредуван и омаловажуван.

Откако полицаецот му наредил на А.Е. да излезе од возилото, тој му ја одзел радио врската, а од возилото излегле и две женски лица кои физички го нападнале полицискиот службеник влечејќи го за вратот.

Во полициска станица бил приведен А.Е., а повикани на службен разговор биле 62-годишната В.Е. и 28-годишната С.А. и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

 

21.02.2018 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега