Кучиња скитници напаѓаат низ центарот на Скопје: Три лица искасани

Три каснувања од улични кучиња во Центарот на Скопје биле пријавени вчера во полициска станица.

Во 10:45 часот, 21-годишната Н.Р.  од Скопје во Полициската станица Центар пријавила дека на 19.02.2018 година околу 16:20 часот во Градскиот трговски центар била нападната од куче скитник кое ја каснало на десната рака.

Истиот ден во 15:40 часот, 59-годишниот Љ.Р. од Скопје во Полициската станица Центар пријавил дека истиот ден околу 10:30 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ бил нападнат од повеќе кучиња скитници. Едно од нив го каснало на десната нога.

Подоцна, во 18:20 часот, 36-годишната С.С. од Скопје во Полициската станица Центар пријавила дека истиот ден околу 14 часот, во дворот на средното училиште „Илија Николовски Луј“ нејзината 15-годишна ќерка била нападната и касната од куче скитиник за левата рака. 

 

 

 

21.02.2018 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега