Двете сестри од „25. Мај" кои биле силувани 89. пати биле пријавени за исчезнати

Двете малолетни сестри – штитенички на Домот „25 мај“, преживеале полов напад од 35-годишен маж. Додека биле под покривот на Домот, одсносно до 2015 година, вкупно 89 пати се пријавувани за исчезнати, а нивните имиња во полициските досиеја се споменуваат и како осомничени сторители на неколку кривични дела, пишува Плусинфо.

Како што дознава порталот, сестрата која живее во згрижувачкото семејство успеала да се извлече од сивилото и да се излекува од зависноста од лепак. 

За првпат, случајот со двете малолетнички го обелодени Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) посочувајќи дека, покрај за 13-годишното девојче кое абортираше, има сведочења за уште две девојчиња – сестри кои наводно биле земани од домот од постар маж кој сексуално ги злоставувал на железничката станица во Скопје.

Во врска со наводите дека малолетничките биле злоставувани од постар маж, скопската полиција постапувала во два наврати. Првпат во 2013 кога мајката пријавила полов напад од непознат маж. За ова, полицијата до обвинителството поднела кривична пријава против 34-годишен скопјанец.

Летото 2014 бил пријавен уште еден случај, но за него МВР не открило ништо. Според пријавата, 27-годишно пијано момче во „Жена парк“ сакало да ги присили да даваат сексуални услуги на други лица, меѓутоа полицајците извршиле обиколка и не го нашле момчето кое им било опишано.

 

 

 

21.02.2018 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега