Индекс за перцепција на корупција: Хрватска најдобро, Македонија најлошо рангирана во Западен Балкан

Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл објавен денеска покажува дека бавно оди сузбивањето на корупцијата на Западен Балкан. Од регионот најдобро рангирана е Хрватска, која е на 57 место, а најлошо рангирана е Макекедонија, која е на 107 место во 2017, за разлика од 90. место во 2016 година. 

Во конкуренција од 180 држави, најдобро рангирана од поширокиот регион е Словенија, која е на 34. место, Грција и Романија се на 59., Црна Гора е на 64. место, Бугарија е на 71., Србија е на 77. место, Турција на 81, Косово на 85 и Албанија на 91 место.

Најдобро рангирана земја во светот е Нов Зеланд, следена од Данска и Финска, а перцепцијата за корупција е најголема во Сомалија, која е на дното на листата на Транспаренси интернешнл. 

-Организацијата истакнува дека напредокот во борбата против корупцијата е бавен, а повеќето држави пребавно напредуваат во таа борба. Иако запирањето на бранот корупција е долготраен процес, во изминатите шест години голем број држави оствариле мал или никаков напредок. Уште повеќе вознемирува резултатот од дополнителните анализи покажува дека државите каде новинарите и невладините организации се најслабо заштитени, воедно имаат и најголема стапка на корупција, наведува ТИ во денеска објавениот извештај. 

 

 

 

21.02.2018 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега