Меркел со поддршка за името: „Македонија и Грција досега најблиску до решение"

 Спорот за името со Грција и пораките што ги упати германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција во Берлин беа во фокусот на интерес на домашната и на грчката јавност и медиуми.

Меркел излеле со став дека спорот меѓу Македонија и Грција за името e е досега најблиску до решение, треба да биде затворен, но оти каков било притисок нема да влијае позитивно врз процесот.

- Спорот меѓу Македонија и Грција треба да биде решен, притисокот во преговорите не носи корист. Имам впечаток дека двете страни по долго време имаат интерес за решавање на спорот. Тоа е добар предуслов, рече Меркел, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали на средбата со Заев се разговарало за спорот со Грција и дали истото прашање било тема на вчерашниот телефонски разговор со Алексис Ципрас.

Изрази задоволство што има придвижување во преговорите оценивајќи дека во изминатите 10 години решението не било толку блиску, како што е сега и оти би било извонредно доколку двете страни успеат да ги премостат препреките. Канцеларката напомена дека и двете страни се однесуваат одговорно во обновените преговори и оти и Грција и Македонија знаат што можат да дадат за да се постигне компромис.

- Компромисите се секогаш болни, но и неопходни. Тоа е дипломатска уметност и за тоа не треба да се зборува на прес-конференции, туку зад затворени врати. Верувам дека јавните изјави повеќе може да му наштетат, отколку да му користат на процесот, додаде германската канцеларка.

 

 

 

22.02.2018 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега