Татко ја моли македонската полиција за помош: "Исчезна сопругата, со неа и четиригодишната ќерка"

Во текот на вчерашниот ден во 17 часот и 30 минути во Полициското одделение Галате, 29-годишниот М.М. од селото Врањеовце пријавил дека на 20. месецов му исчезнала сопругата.

Полицијата информира дека во периодот од 18.00 до 23.00 часот, од семејната куќа во непознат правец се оддалечила неговата сопруга, 26-годишната Л.М.од Република Албанија.

Таа ја земала нивната четиригодишна ќерка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 

 

 

22.02.2018 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега