Таравари веќе не може да разрешува и именува директори на училишта

Министерството за образование вчера ги одзело ингеренциите на градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, со што тој нема да може да разрешува директори во основните и средните училишта.

- „Државниот просветен инспекторат донесе решение градоначалникот на Гостивар да ги исправат процедурите при именување и разрешување на директорите на училиштата, бидејќи не се направени според процедурите. Тоа не е направено и одземени се ингеренциите за девет месеци за да се спроведе владеење на правото“, одговори министерката за образование Рената Треневска Десковска на пратеничкото прашање на Сурија Рашиди.

 

 

 

 

22.02.2018 - 12:45
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега