Децата ќе мора да се вакцинираат ако сакате да одат во градинка и школо

Македонија ќе формира Национално тело за вакцинација, кое ќе биде одговорно за целокупниот процес за вакцинација во земјава, како што било договорено на дводневниот министерски форум на земјите од Југоисточна Европа што се оддржа вчера и завчера во Подгорица, пренесе Сакамдакажам.

-Националното тело за имунизација ќе се грижи за целокупниот процес на вакцинација во земјата, почнувајќи од набавката на вакцините па се до нејзините крајни корисници, односно децата. Планираме да направиме и кампања за важноста од вакцинацијата, со оглед дека веќе на светско ниво е вклучен алармот за пад на опфатот на вакцинирани со морбили, а епидемии и голем број заболени има и во нашето поблиско соседство, вели Филипче, пренесува СДК.МК.

Тој кажа дека со помош на СЗО ќе се обидат да ги искористат добрите експертизи од некои европски земји и да се види дали тоа е применливо и кај нас, односно запишувањето во градинка или во училиште да се услови со тоа децата да бидат вакцинирани.

 

 

 

22.02.2018 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега