Шекеринска: Само со европско однесување на Балканот ќе дојдеме до резултати

Министерката за одбрана и вицепремиерка Радмила Шекеринска вчера во Берлин даде интервју за Дојче Веле на англиски јазик. во коепорача дека ништо не се постигнува без оптимизам.

- Тоа за нас е еден вид на импулс. Импулс за започнување на реформската агенда во земјата. Ги надминавме разликите кои ги имавме со Бугарија и склучивме договор, само два месеци откако бевме избрани како нова влада. Покажавме еден поинаков начин на креирање политики, поинаков начин на однесување, европско однесување на Балканот и веруваме дека ова може да функционира и во случајот со спорот околу нашето име со Грција - рече министерката на прашањето околу изгледите за решавање на спорот за името.

Таа изјави дека верува дека секој компромис, особено кога станува збор за компромис меѓу две земји, некои од граѓаните на двете земји ќе бидат незадоволни. 

Македонија во НАТО и во Европската Унија, е стратешко прашање за кое се согласни сите граѓани.

 - Нашиот стремеж за членство во НАТО и ЕУ постои практично од прогласувањето на нашата независност. Ова е една од целите што ја обединуваат земјата. Македонија е многу разновидна земја во однос на етничките групи, религиозните групи и јазиците, а ако навистина постои точка во која сите се согласуваат, вклучувајќи ги различните политички партии, тоа е стратешката цел да се приклучат на Западот, да се приклучат кон НАТО алијансата, кон ЕУ - истакнува министерката.

 

 

 

22.02.2018 - 15:36
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега