Пукање синоќа во Скопје

Во 21 часот, 46-годишниот  Р.У. во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавил дека истиот ден околу 20 часот додека бил во неговиот дом на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, во импровизираната населба до полигонот слушнал пукање.

Според пријавата, тој веднаш излегол од домот и надвор видел две непознати лица кои се качиле во возило и заминале. Веднаш по пријавување на случајот, на местото на настанот излегле полициски службеници. Извршен бил увид и на местото на настанот биле пронајдени и подигнати 13 чаури од гасен пиштол.

Се работи на целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

22.02.2018 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега