Владата бара детали за планот за работа на „Еурокомпозит“
Владата од раководството на прилепски „Еурокомпозит“ бара дополнителни информации и детали за планот за работа на оваа компанија, а утре во Владата треба да се одржи состанок со претставници на вработените на компанија, информира генералниот директор Александар Кузески.
Владата од раководството го побара планот за работа кој денеска се разгледуваше, но недостигаат уште информации.
- Само што заврши состанокот во Владата. Од нас е побарано во текот на утрешниот ден да доставиме некои дополнитени информации и детали кои се однесуваат на планот за работа. А во текот на утрешниот ден во Владата ќе се одржи средба со претставници на вработените. Крајно, конкретни детали што понатаму со компанијата ќе се знаат во текот на наредната недела, ни изјави Кузески.
Вработените во „Еурокомпозит“ денеска го блокираа регионалниот пат Прилеп-Градско, на излезот од градот пред Плетвар барајќи исплата на две плати за да почнат да работат и се согласуваат да чекаат шест месеци за да се реши судбината на овој загубар со стратегиски инвеститор. Воедно се бараше и средба во Владата.
Утре треба да се оствари средбата на вработените во Владата, а раководството да го комплетира планот за работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа