Тешка сообраќајка на скопска обиколница: Едно лице загина, друго пренесено во болница

Едно лице го загуби животот, а друго е повредено во сообраќајна несреќа која попладнево околу 17 часот 20 минути се случи на скопската обиколница, пред клучката Радишани.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале „Рено Меган“ со скопски регистерски таблици, управувано од В. Ѓ. (54) од Скопје и патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистерски таблици.

Возачот на возилото „Југо“ починал на лице место, смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош, додека В.Ѓ. е пренесен во Клинички центар Мајка Тереза.

Полициски извршиле увид на местото на несреќата.

 

 

 

22.02.2018 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега