По средбата со Заев - Ципрас и Меркел ќе разговараат за спорот за името

 

Прашањето за името на Македонија ќе биде на дневниот ред на средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка Ангела Меркел што ќе се одржи денеска во Брисел во рамките на неформалната средба на 27-те земји членки на ЕУ, објави грчкото издание „Зунгла“.

Според весникот, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев Меркел изразила став дека „ситуацијата во Македонија е смирена во голем степен и дека земјата е навлезена во фаза на стабилизација.

Се одбележува и дека по разговорот со Заев, германската канцеларка добила впечаток дека неговата Влада ја сели „амбициозната реформска програма“ и дека „полага напори за да ја реализира“.

Прашањето со името било една од темите и на телефонскиот разговор Ципрас - Меркел, што се случи еден ден пред посетата на премиерот Заев на Берлин и средбата со германската канцеларка, потвдија од кабинетот на Ципрас. 

Прашањето со името било една од темите и на телефонскиот разговор Ципрас - Меркел, што се случи еден ден пред посетата на премиерот Заев на Берлин и средбата со германската канцеларка, потвдија од кабинетот на Ципрас.

Грчката телевизија Скај, повикувајќи се на свои извори, објави дека „Ципрас на Меркел и ја потенцирал потребата за конечно решение во спорот, со промена на уставното име на соседната земја“. Според истите извори, грчкиот премиер и германската канцеларка се договориле да се сретнат во петок во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.

Канцеларката Меркел по средбата со Заев во Берлин излезе со став дека спорот меѓу Македонија и Грција за името e досега најблиску до решение, треба да биде затворен, но оти каков било притисок нема да влијае позитивно врз процесот. Напомена дека и двете страни се однесуваат одговорно во обновените преговори и оти и Грција и Македонија знаат што можат да дадат за да се постигне компромис и побара диксреција во процесот. 

 

 

 

23.02.2018 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега