Прегазен маж во Велес - попладнево тешка несреќа

 

Шеесетгодишен велешанец е повреден денеска во сообраќајка во центарот на Велес.

Сообраќајната незгода, како што информираат од СВР Велес, се случила денеска во 12 часот и 30 минути на улицата „8ми Септември“ во центарот на Велес кога патнички автомобил марка „Фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки управуван од 66-годишниот С.Т. удрил во пешакот - шеесетгодишниот М.К. од Велес.

Како што појасни портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, повредениот бил пренесен во велешката Општа болница каде по укажаната медицинска помош е задржан на обсервација.

Увид на местотот на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Од велешката ЈЗУ Општа болница за МИА информираа дека повредениот е без сериозни повреди, но за секој случај лекарот кој го прегледал согласно медицинските правила одредил опсервација на пациентот и тој е задржан во болницата. 

 

 

 

23.02.2018 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа