„Единствена Македонија“: Ако Ќосето е дивоградба, Шилегов можеше да го легализира со 1 евро по м2

Партијата „Еиндствена Македонија“ го осуди отстранувањето на споменикот Андон Јанев Ќосето од пред Врховниот суд во Скопје. Оттаму посочија дека доколку споменикот е дивоградба, тогаш градоначалникот Петре Шилегов требало да го легализира за 1 евро по м2.

„Изненаденоста и вчудоневиденоста е уште поголема од најавата на Петре Шилегов дека ќе посадува дрво посветено на човековите права од членот 10 од Декларацијата за човекови права за праведно судење, со што сакал да испрати порака дека правдата е непристрасна. Ова од причина што, во услови кога на дело е обидот за завршен удар за обезличувањето и бришењето на македонскиот народ во контекст на спорот за името, Петре Шилегов треба да постави изгравирана плоча и да прати порака восмисла на член 1 од Повелбата на Обединетите нации, член 1 од Универзалнатадекларација за човековите права, член 1 од Меѓународниот пакт за граѓанските иполитичките права и член 1 од Меѓународниот пакт за економските, социјалните и културните права во кои се вели дека сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права и дека сите народи имаат право на почитувањена начелата на рамноправност и самоопределување на народите да го определатсвојот политички статус вклучително и правото на македонскиот народ да го носи името – Република Македонија“, велат од партијата.

 

 

 

23.02.2018 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа