Уште две малолетни девојчиња од „25-ти мај“ жртви на полов напад

Веста за 13-годишното девојче, штитеничка на домот „25 мај“, кое било силувано и останало бремено, отвора два нови случаи на полов напад на две поранешни штитенички на домот за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми. Станува збор за две сестри на  возраст од 13 и 16 години, дознава 24вести. Како што информираат од 24вести девојчињата биле жртви на полов напад  во текот на 2013-та година, кога биле и штитенички во тогашниот Дом „25-ти мај“. Од МВР го потврдуваат овој случај и велат деказа него веќе има истрага.

„Во текот на 2013 година, од страна на нивната мајка било пријавено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“ извршен од страна на непознат сторител на возраст од околу 35-40 години врз двете деца. Притоа, од страна на СВР Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство, била поднесена кривична пријава против Н.А. (34) од Скопје“, велат од Министерство за внатрешни работи

Двете сестри со судска одлука во 2012та година биле одземени од биолошката мајка и сместени во домот. Според информациите од МВР се работи за малолтени лица – сторители на кривични дела. Од 2012, па се до 2015-та година од страна на вработени во домот   биле пријавувани за изсчезнати и тоа по 50-тина пати. Во 2015 година ,  помалата сестра била  сместена  во згрижувачко семејство со што според МТСП успеала да се извлече од канџите на сивилото и да се излеува од зависноста од лепак вклучувајќи се во образовниот процес. Сега, мајаката го бара детено назад откао судот и го вратил стрателството. Од Министерството за труд и социјална политика се запознаени со случајот и велат дека минатата година, по рагзовор со мајката и нејзиниот партнер не постоеле услови за тоа .

„Од страна на стручниот тим на МТСП проценето е дека севкупната состојба негативно би влијаела врз девојчето, кај кое во изминатите две години има забележителен напредок“ - велат од МТСП.

Додека 16 годишната девојка, според МВР уште во 2015та година била вратена кај нејзината мајка.

Премиерот Зоран Заев вчера од собраниската говорница  побара максимална казна за ваквите појави, затоа што само така ќе се испрати пораката никогаш ваквите случаи да не се повторат.

 

 

 

23.02.2018 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега