Не се знае кога ќе се усвои „Планот за економски раст“
Не се знае кога компаниите ќе почнат да ја добиваат ветената помош за поголем економски раст. Законот за план за економски раст сѐ уште е на електронскиот систем ЕНЕР каде јавноста во наредните десетина дена ќе може да ги дава своите критики и забелешки,објави Сител. Потоа се враќа на владина седница, каде ќе се разгледуваат препораките, па дури потоа влегува во собраниска процедура. Според овој редослед се поизевсно е дека фирмите државните мерки за раст тешко дека ќе можат да почнат да ги користат од март како што и се најавуваше.
Министерот за економија Крешник Бектеши призна дека планот за економси раст главно е насочен кон поголемите претпријатија. Посочи дека се бара начин како во него да се вметнат и малите и средни бизнсии оние на кој им е најпотребна помошта од државата за да опстојат на пазарот.
„Ги повикувам сите пратеници, што побргу да го изгласаат овој Закон, затоа што овој Закон е во интерес на бизнис заедницата и да почнеме во пракса да го имплементираме. Иако треба да се има во предвид дека и новите договори што ги потпишуваме со инвеститорите се во рамките на предложениот Закон“, рече министерот Бектеши.
Претходно и дел од бизнис коморите побараа вклучување во планот на малите бизниси но не со подзаконски акти. Инаку според проекциите на мерките за еконосмки раст на годишно ниво ќе бидат потрошени 50 милиони евра за субвенционирање на индустрискиот раст кај приближно 7000 странски и домашни компании кои пак ќе ги исполнуваат условите за користење на помошта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа