МТСП најде вина кај 33 вработени и Центарот за социјални работи за силувањата на штитеничката

Министерството за труд и социјална политика информираше дека триесет и три вработени во Центарот за социјални работи Скопје имаат вина во врска со случајот со 13-годишната штитеничка на домот „25 мај“, информираат од МТСП.

Единаесет социјални работници, но и одоговорни се соочуваат со кривични пријави, кои ќе им ги поднесе Министерството ќе поднесе кривични пријави против 11 социјални работници, но и одговорни лица од домот, кои кривично ќе ги гони за „несовесно работење во службата“ и „запуштање малолетник“.   Дванаесет прекршочно ќе одговараат, а за нив е најавено дека ќе има и дисциплински постапки Од Tруд и социјала не информираат за деталите каде точно потфрлиле службите од Cенатрот и Домот и кои биле причините што малолетничка повеќе пати сексуално била злоставувана, по што останала бремена и абортирала. 

Освен кривичната одговорност, надлежните ќе бараат и дисциплинска постапка за вработени.

Случајот со девојчето го обелодени Европскиот центар за права на Ромите, кои исто така поднеле пријава до обвинителството против сите инволвирани. По сексуалната злоупотреба, малолетничката пред една недела била принудена да абортира.

 

 

 

23.02.2018 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега