Старица ја прегази автомобил во Скопје - итно хоспитализирана

Околу 12.00 часот синоќа во Скопје, на улицата „Коце Металец“, патничко моторно возило “Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П. од селото Смилковци  удрило во 90-годишната Ч.О. од Скопје.

Жената била пренесена во Градска општа болница „Св Наум Охридски“ каде и се констатирани тешки телесни повредии тоа скршеница на колк.

Старицата ќе биде задржана на понатамошно лекување.

Увидна екипа изврши увид на лице место.

 

 

 

24.02.2018 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега