Снег во Македонија: На овие места вее во моментов

Намалена видливост од 20 до 30 метри поради магла има на патениот правец село Лисец – Попова Шапка. Слаб снег провејува на Шапка, Стража, Маврово и Крушево.

Како што соопштија од ЈП Македонијапат, сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози. Информираат дека нивни дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Од Македонија пат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. 

 

 

 

24.02.2018 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега