СДСМ: 11 години на власт ВМРО-ДПМНЕ оставија пустош во економијата

 

11 годишното расипничко и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави пустош во економијата.

Токму неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се причината за предизвиците со коишто денес се соочува Фондот за пензинско и инвалидско осигурување.

Граѓаните можат да бидат спокојни, Владата предводена од СДСМ презема низа на мерки за санирање на штетите, стабилизација и одржливост на Фондот. Владата се грижи за сегашните и идни пензионери, исплатата на пензиите ќе продолжи редовно и навремено.

За Владата предводена од СДСМ одржливоста на пензискиот систем е приоритет и затоа преку економските политики и Планот за економски раст, се обезбедуваат нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати и економски развој, мерки преку кои ќе се стабилизира состојбата со ПИОМ.  На тој начин, зголемувањето на старосната граница за одење во пензија нема да биде потребна.

Центар за комуникации со јавноста Социјалдемократски сојуз на Македонија

 

 

 

24.02.2018 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега