Илиевски: Судијата не пресуди според она што го виде - нечесно го загубивме натпреварот

Македонскиот кошаркар Владо Илиевски во изјава за словенечките медиуми по завршувањето на мечот со Црна Гора, изјави дека Македонија нечесно изгуби и дека судијата не пресудил според она што го видел.

- Ако обрачот навистина е потегнат, судијата нема што да размислува. Штета, тој не одлучи така како што виде. Мислам дека најмладиот судија од тројцата почна да се распрашува што и како. На видеото убаво се гледа дека Бјелица ја повлекува мрежичката. Освен тоа, еден од судиите покажа дека кошот важи. Малку нечесно. Тоа е благ збор. Ако нашата жалба не биде прифатена, навистина не гледам поента зошто не го погледаат видеото за да видат што и како се случи?, изјавува Илиевски за словенечките медиуми по синоќешниот натпревар.

05.09.2013 - 09:17
Фото: 
Скопјеинфо

најчитано сега