Вајгл: ЕУ го сфати значењето на земјитеод Западен Балкан, во срцето е Македонија

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, словенечкиот европратеник Иво Вајгл смета дека целата Европска унија конечно го сфатила значењето на земјите од Западен Балкан, а доказ за тоа е неодамна претставената Стратегија за проширување на ЕУ кон оваа група земји.

- Мислам, дека стратегијата на Европската комисија е многу сериозен и стратегиски ориентиран документ, тоа не е обичен годишен извештај, тоа е стратегија за идните десет години. Мислам дека тоа зборува дека целата ЕУ, цела Европа го сфати значењето на Западен Балкан, а во срцето на Западен Балкан се наоѓа и Македонија, вели Вајгл за МРТ, пренесува МИА.

Нагласува дека од самиот документ е видливо дека поддршката која ЕП и ја дава на Македонија во изминатите години се претвори во некаков стратегиски интерес и трајна ориентација на ЕУ сите држави од Западен Балкан да станат членки.

 

 

 

25.02.2018 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега