На гостиварчанец му ја ограбија куќата: Крадецот точно знаел каде се парите

Во 12 часот и 15 минути во Полициската станица Гостивар, 47-годишниот Б.М. од селото Чајле, гостиварско, пријавил дека во вечерните часови од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во неговата куќа.

Сторителот влегол во куќата и без да изврши пребарување по собите, од фиока во спалната соба на приземјето одзел поголема количина разновиден златен накит (лири, алки, обетки, прстени и останат вреден накит), а потоа го напуштил лице местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

25.02.2018 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега