Ограбил продавница за бела техника во Велес - „не му било доста" па украл и автомобил

Во периодот од 20 часот и 30 минути до 04 часот по полноќ во Велес, во продавница на „Нептун“, непознат  сторител извршил тешка кражба на тој начин што со употреба на подесен алат ги отстранил катанците од влезната врата, го искршил стаклото, влегол внатре и одзел 22 лап-топ компјутери, разни марки и модели, по што го напуштил местото на настанот.

Во истиот временски период, извршено е и кривичното дело “одземање патничко моторно возило“, при што е одземено „Фиат Уно“ со велешки регистарски таблички , сопственост на С.П. од Велес кое било паркирано во непосредна близина на наведената продавница.

 

 

 

25.02.2018 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега