Викендов ограбена џамија во Тетово

Непознати сторители на 24 до 25 февруари извршиле “тешка кражба“ во џамија лоцирана на улица “Радован Цончиќ“ во Тетово насилно го отвориле прозорецот и влегле внатре.

Исто така насилно се отворени врати од неколку простории и од фиока од работна маса во благајната одземени се помала сума денари, 20 швајцарски франци, како и мала метална каса во којашто се наоѓале повеќе документи околу изградбата на објектот.

Извршен е увид на лице место при што е утврдена вкупна имотна корист од 4.000 денари додека направената материјална штета е неколкупати поголема и дополнително ќе се утврдува.

 

 

 

25.02.2018 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега