„Тврдокорни“ во вторник ќе протестираат за одбрана на името „Македонија“

Во вторник на 27 февруари, патриотското здружение „Тврдокорни“ и „Македонски Обединети Сили“ на социјалната мржа „Фејсбук“ најавија протест пред Соборниот храм за одбрана на името „Македонија“. 

Протестот е најавен за 17.30 часот, а од Соборниот храм ќе се упатат кон Еу инфо центарот и Парламентот.

Од здруженијата упатија повик до, како што пишува, македонскиот народ, до сите организации, бранители, навивачки групи, членови на сите политички партии кои не се согласуваат со „националното предавство“, да му се придружат на протестот.

 

 

 

25.02.2018 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега