Во Маврово половина метар снег - Македонија е во бело

До 16 часот во Маврово наврнале 56 сантиметри снег, во Лазарополе 31, Пожаране 20, пет сантиметри во Тополчани два во Тетово, Штип, Претор и Битола и еден сантиметар во Скопје, Прилеп и Охрид.

Како што соопшти УХМР, најстудено е во Берово, Лазарополе, Маврово, Тополчани и Ѓуриште, каде се измерени минус 2 степени, во Скопје, Пожаране и Виница 0, во Битола и Демир Капија еден степен во Струмица и Тетово 2, Во Штип и Претор 3, Охрид 4 и 7 степени се измерени во Гевгелија.

Вечерва времето ќе биде облачно и студено со повремено пообилни врнежи од снег. На север и долж Повардарието ќе остане поизразен северозападен ветер. За утре синоптичарите најавуваат облачно и студено време, со врнежи од снег.

Врнежите ќе продолжат од преку ноќта, ќе се префрлаат кон исток и ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во југоисточните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка. Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 0, а дневната минус 3 до 2 степени. 

 

 

 

25.02.2018 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега