Бејли со критика за Советот на јавни обвинители

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, ја искритикува работата на Советот за јавни обвинители, откако беше објавено дека претседателот на Советот учествувал во носење одлука кога се одлучувало неговата вунка да биде избрана за обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Како што рече Бејли, во Советот за јавни обвинители има конфликт на интереси и дека доколку некои медиуми не биле охрабрени да пишуваат за ова, јавноста немаше да дознае.

-Јавноста и професионалците изгубија уште неколку грама доверба во системот. Неколкумина новинари ја обработија оваа приказна, доаѓаме до моментот дека храбрите медиуми и граѓанското општешство имаат важна улога во владеење на правото – рече Бејли говорејќи за правосудството на денешната конференција во Собрание.

- Граѓаните треба да бараат отчетност, транспаретност и информирање од страна на институциите. Тоа значи дека граѓаните треба да одбијат да го свртат погледот на другата страна кога ќе се соочат со прекршување на законите или со корупција, а тоа значи дека не треба да се прифаќаат работите онакви какви што се особено доколку сте соочени со непотизам и лични појави, рече Бејли.

Судовите во Македонија, смета тој, треба да внимаваат на транспаретноста, бидејќи многу често важни судски случаи се обвиткани со некој, како што рече, вел на мистерија и не е ни чудно што граѓаните не им веруваат. 

Прашањата на интегрален интегритет ја поткопуваат довербата. Како пример тој посочи на случајот кога јавен обвинител учествуваше во донесување одлука што се однесуваше на член на семејството на друг член на Советот на обвинители.

- Ми се чини дека тука станува збор за една ситуација на конфликт на интереси. Никој точно не знае што точно се случи во таа ситуација, рече Бејли

 

 

 

26.02.2018 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега