Пронајдени апарати за покер во обложувалница во Тетово

Во текот на вчерашниот ден, од 16 до 20 часот полициски службеници извршиле увид во објект во Тетово, сопственост на 43-годишниот Ј.Ј. од Тетово.

Притоа, во објектот биле пронајдени три апарати за игри на среќа, за кои сопственикот Ј.Ј. немал дозвола од надлежен орган. Апаратите и паричните средства во вкупен износ од 15.030 денари со потврда биле одземени. По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

26.02.2018 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега