Во Македонија и БиХ одбележани 14 години од смртта на претседателот Трајковски

По повод одбележувањето на четиринаесетгодишнината од смртта на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, членови на делегација на Владата денеска оддадоа почит и положија венец на спомен-обележјето во Ротимље, во близината на Мостар, Босна и Херцеговина, каде Трајковски и делегацијата загинаа во авионска несреќа.

Делегацијата, како што информираат од Владата, ја сочинуваа министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ и заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.

На настанот во Ротимље, министерот Шапуриќ истакна дека сме на чекор од исполнување на визијата на Борис Трајковски, Македонија да биде слободна и демократска држава интегрирана во евро-атлантските структури.

Годишнината од смртта на претседателот Трајковски беше одбележана со високи воени почести и на градските гробишта во Бутел, во Алејата на великаните, каде Владина делегација составена од министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменикот за култура Владимир Лазовски положи венец на вечното почивалиште на поранешниот претседател на РМ и оддаде почит на другите загинати во авионската несреќа.

Трајковски делегација 3

Во чест на Борис Трајковски, претставници на Владата предводени од државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Кирил Парталов, положија цвеќе пред неговиот споменик во Струмица.

Трајковски делегација 2

Поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, заедно со осумчлена делегација од неговиот кабинет и членови на екипажот на владиниот авион, со кој патуваа на Меѓународна конференција во Мостар, трагично ги загубија животите во авионска несреќа на 26 февруари 2004 година. 

 

 

 

26.02.2018 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега