Наноси од снег: Блокирани повеќе патишта низ Македонија, десетина села се отсечени

Според најновите информации од Центарот за управување со кризи, неколку патишта во околината на Скопје како и во другите делови на Македонија се целосно непроодни поради врнежите од снег.

Во општина Кисела Вода, патните правци од Марков Манастир до селата Црн Врв и Патишка Река, не се проодни за сообраќај за сите видови возила, како и во општина Зелениково, патните правци од станицата Зелениково до селата Добрино и Дејковец.

Во општина Чучер Сандево, патниот правец кон селата Брест, Малино и Танушевци е непрооден и истите во моментот немаат ниту електрична енергија.

Што се однесува до патиштата во останатиот дел од земјава, состојбата е следна:

Прилепски регион
Во општина Крушево, регионалниот патен правец Крушево – Пуста Река не е прооден.

Гевгелиски регион
Во општина Валандово локалниот пат Чалакли – Башибос не е прооден.

Струшки регион
Во општина Струга, непрооден е патниот правец што ги поврзува селата во Малесија осносно патниот правец од с.Присовјани до хидрецентралата Глобочица и патниот правец с.Бороец – с.Јабланица.

Велешки регион
На подрачјето на општина Чашка, сообраќајот се одвива отежнато со користење на зимска опрема, освен локалниот пат с.Богомила – с.Нежилово – с.Ореше кој е непрооден и со користење на зимска опрема. Се превземаат активности за расчистување на снегот на локалниот пат с. Дреново – Долно и Горно Јаболчиште. Во општините Свети Николе и Лозово, во моментот, поради снежни наноси предизвикани од силниот ветер, не се проодни патните правци кон селата Кнежје, Орел, Трстеник, Павлешенци, Малино, Крушица, Преод и Долно Ѓуѓанци.

Штипски регион
Во општина Штип непроодни се патиштата према ридско планинските села Шашаварлија, Брест, Горачино, Танатарци, Пухче и Љуботен.  Во општина Карбинци, непроодни се сите ридско планински села на планината Плачковица, што е условено со чистење на регионалниот пат с.Аргулица – одморалиште Плачковица.

Липковски регион
Во општина Липково, патните правци кои гравитират кон планинските села се непроодни.

Кумановски регион
Регионалниот пат Крива Паланка – с.Огут е непроден, отсечени се селата Габар, Метежево, Огут и Нерав. Регионалниот пат Крива Паланка – с.Луке е прооден во зимски услови. Локалниот пат с.Дурачка Река, м.в.Метов – с.Дренак е непрооден.
Регионалниот патен правец Ранковце – с.Герман е непрооден.

Гостиварски регион
Во општина Маврово – Ростуше патниот правец кон с.Галичник е непрооден. Во општина Врапчиште сите патни правци се проодни, освен кон Пожаране и Ломница кои сè уште не се проодни.

Од „Македонијапат“ и АМСМ известуваат дека забрани за тешки товарни возила има на патните правци Крак Маврово – Дебар, Крак Стража – Кичево и на планинските премини Пресека и Ѓавато.

 

 

 

26.02.2018 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега