Четири јавни чешми во Прилепско со неисправна вода за пиење

 

Не е исправна водата за пиење од четири чешми на исто толку локации во Прилепско, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје.

Според надлежните, неисправна е водата од крајпатната чешма на Плетвар, кај ресторанот „Че“, потоа од јавните чешми во Лениште, Ореовец и селото Плетвар што се наоѓаат среде селата. Водата од овие чешми не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути.  

Ова се резултати од редовните анализи што ги прави Центарот за јавно здравје од Прилеп, за квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населени места, каде нема водоводи и не се вклучени во водоводната мрежа со која стопанисува ЈКП „Водовод и канализација“.

 

 

 

26.02.2018 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега