Ќе соработуваат Универзитетот „Св. Апостол Павле“ и турскиот „Џумхуријет“

Ректорите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид и на Универзитетот „Џумхуријет“ од Сивас, Турција, Нинослав Марина и Фарук Коџаџик, потпишаа Протокол за меѓународна соработка меѓу двете високообразовни установи.

Протоколот предвидува заедничката научна работа, како и образовна и културна соработка меѓу Универзитетот „Џумхуриет“ и Универзитетот „Св. Апостол Павле“.

Потпишувањето на овој Протокол има за цел поттикнување на истражувачки и образовни приоди на двата универизитети од заемен интерес, како и соработка меѓу наставниот, истражувачкиот кадар и студентите од двете образовни институции. Договорот предвидува развој на веќе воспоставените односи на соработка, преку овозможување заедничка примена на истражувачката работа и објавување на резултатите од истата, како и пренесување искуствата на двете страни во образовните приоди и заедничките научни организации.

Соработката меѓу двата универзитети е на иницијатива на проф. Братислав Станковиќ од УИНТ „Св. Апостол Павле“, инаку државен советник за наука и технологија. Таа претставува дел од програмата на Универзитетот за информатички науки и технологии за интензивирање на меѓународната научна соработка. Неодамна сличен Протокол за соработка Унивезитетот „Свети Апостол Павле“ потпиша и со Техничкиот универзитет Клуј-Напока од Романија.

05.09.2013 - 10:39
Фото: 
Сител

најчитано сега