Снегот направи проблеми во Штип: Војници со оклопни возила носеа мали деца во болница

Две болни дечиња на возраст од шест и осум години од штипското село Почивало со возила на АРМ попладнево се однесени во општата болница во Штип.

Како што објави АРМ на својот фејсбук профилот, поради снежните врнежи единствено само со армиските возила било возможно да се дојде до селото и да им се помогне на дечињата да бидат пренесени во болница.

арм штип

Припадниците на АРМ интервенирале со три возила, оклопен транспортер, хермелин и хамер, откако општинската Дирекција за заштита и спасување не успеала да се пробие. 

 

 

 

26.02.2018 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега