Видео: Родилката од Кичево починала поради погрешно интубирање

Лекарска грешка најверојатно е причината за смртта на родилката од Кичево која почина за време на царски рез во Санте Плус. Неофицијално, тоа го покажува обдукцискиот наод кој уште минатата недела бил доставен до обвинителството и до комисијата формирана од МЗ. За време на анестезијата, според неофицијалните информации, тубусот наместо во душникот и бил поставен во хранопроводникот при што 31 годишната жена починала од задушување. Воопшто немало алергиска реакција, туку, според коментари на лекари од скопските клиники, ненавремена медицинска интервенција. Министерот за здравство не сака да го коментира обдукцискиот извештај бидејќи тој е предмет на истрага.

-Анестезиологот веќе доби отказ и треба да врати и некои пари за специјализацијата. Изминатите денови направив дополнителни консултации со Институтоит за судска медицина и со членовите на Комисијата. Во однос на обдукцискиот наод не би коментирал ништо понатаму бидејќи е предаден во Обвинителство и е предмет на истрага, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Според информации на Сител, во извештајот на комисијата е наведено дека смртта настапила во приватната болница, а не во КАРИЛ каде била пренесена 31 годишната жена  со возило на Брза Помош. Овој случај е речиси идентичен со родилката Маја Кадиева која пред повеќе од две години почина во гевгелиската болница за време на царскиот рез поради погрешно интубирање за времењ на анестезијата. Засега е нејасно дали како и тогаш, министерот Филипче ќе побара Лекарската Комора времено да ги одземе лиценците на лекарите инволвирани во последниот случај.  Засега нема и барање до комората за вонреден стручен надзор.

Во меѓувреме, новороденчето се уште е на Клиниката за детски болести и според лекарите е во стабилна состојба.

 

 

 

26.02.2018 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега