Вајгл порача опозицијата да се врати во Собрание

Владата и опозицијата треба да работат заедно за доброто на државата. Без дијалог меѓу нив, нема европска иднина за Македонија, изјави европратеникот Иво Вајгл, на Конференцијата на Комисиите за европски прашања од Западен Балкан.

- „Во дијалогот Жан Моне, нема да се разговара за прашањето со името. Всушност никогаш и не зборувавме на таа тема. Ќе зборуваме за дијалогот меѓу парламентарните политички партии. Нашата цел е да негуваме политики договор и компромис“ смета Вајгл.

Тројцата европратеници очекуваат во дијалог Жан Моне, на заедничка маса да седнат двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

 

 

 

26.02.2018 - 22:07
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега