Снегот парализираше делови од Македонија - најкритично на планинските превои

Снегот за кој УХМР алармираше пред 7 дена, ги фати не подготвени. Утрово завејани сите автопатишта во Македонија. Граѓаните револтирани испраќаа видеа на социјалните мрежи, каде се гледа дека едвај се движат со автомобил на излез од Скопје, патниот правец Скопје -Тетово, Стража, Марвово, Пресека. Сообраќаен хаос утрово се случуваше и во главниот град. До 10 часот не беа исчистени главните булевари во Скопје. Пешачките премини со снег и кал, тротоарите како лизгалишта, постојките под снежна покривка. Скопјани стравуваат од повреди и се жалат на слабата организираност на градската служба.

Голем број на граѓани останаа извисени на автобуските постојки. Поради големите количини на снег, скратени или во прекин беа неколку линии како 24 која возеше само до Кисела Вода, автобусот број 3 кој едвај пристигнуваше до Клиничкиот Центар, 16ка, како и повеќе од 30 други приградски линии. И попладнево сликата по скопските општини е непроменета. Во центарот на градот улиците се покриени со снег. Нерасчистени улици има и во Општините Карпош, Ѓорче, Кисела Вода, Гази Баба.

Шилегов синоќа се пофали на социјалните мрежи дека врши надзор на службите преку видео мониторингот.

Оттаму информираат дека во текот на изминатите часови фрлени се 455 тони сол на т.н критични точки. На терен работат 19 возила на ЈП Улици и Патишта. Извори од оваа служба , за Сител велат дека во складот веќе нема доволно сол за потребите на градот а не е извршена ниту нова набавка  зимава. Утрово сакавме да провериме во каква состојба се резервите на Улици и патишта, но не ни беше дозволено од директорот. Тој во текот на целиот ден е недостапен за изјава.

Дали има доволно сол во резервите одговор добивме од градот Скопје но не со конкретни бројки.

Град Скопје и ЈП Улици и патишта имаат задоволителни количества на сол за зимското одржување на улиците и до крајоит на сезоната за зимската служба ќе нема никакви проблеми за справување со снежните врнежи. 

Инаку, според анализите од минатото, едно излегување од базата, службите треба да изнесат најмалку 350 тони за да се покријат главните булевари.

Според фотографиите кои ги споделуваат граѓаните, градот задоцни да го исчисти и Плоштадот Македонија, па угостителите мораа сами со лопати да чистат подалеку од прагот.

 

 

 

26.02.2018 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега