Седници на собраниски комисии за економски прашања и локална самоуправа

 Во Собранието на Република Македонија седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за локална самоуправа. На дневен ред на Комисијата за економски прашања измени и дополнувања на повеќе закони, поголем дел предложени од пратениците од владејачкото мнозинство.

Ќе бидат разгледани измените на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, на Законот за јавните претпријатија, на Законот за метрологијата, на Законот за Геолошкиот завод на Република Македонија, на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, на Законот за трговските друштва, на Закон за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, на Законот за Државната статистика, на Законот за основање на Агенција за енергетика на Република Македонија, на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, на Законот за државен пазарен инспекторат на Законот за стандардизација, на Законот за заштита на конкуренцијата, на Законот за индустриската сопственост, на Законот за акредитација, сите во прво читање.  

 

 

 

27.02.2018 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега