Забрани на дел од патиштата: Внимавајте зад воланот на снегот, АМСМ со важна вест

 

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашест снег, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Забрани за тешки товарни возила изутрина од 07:15 часот е воведена на патот Дебар - Струга, а се уште трааат забраните и на патиштата крак Маврово - Дебар, Гостивар - Кичево преку Стража, Струга - граничен премин Ќафасан, и на планинските премини Буково, Ѓавато и Пресека. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.лв/са

 

 

 

27.02.2018 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега