Милошоски денеска ќе излезе на протест: "Народот има право" (Видео)

Пратеникот Антонио Милошоски  со видео порака на својот Фејсбук, најави дека денеска ќе биде дел од протестот за името, аико вчера ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека не стојат зад протестот.

- „Утрешниот протест за зачувување на идентитетот и на уставниот суверенитет на Република Македонија, доколку биде достоинствен и мирен, без разлика што е зимно време, може да ѝ биде и од помош на државата, без разлика кој раководи со неа. Јас ќе присуствувам на тој протестен собир и ќе имам можност да бидам како еден чесен, родољубив граѓанин на Република Македонија, дел од луѓето што сметаат дека треба да бидат присутни на овој протест. Дали некој сака да присуствува или не сака, може или не може, тоа е лична работа, но мислам дека како граѓани, како нација, како народ, добро е да покажеме дека имаме став. Борбата ниту ќе почне утре, почнала многу одамна, ниту ќе заврши тука. Ќе ни треба многу мудрост, визија, трпение и аргументи. Сепак, најмногу од сè, ќе ни треба слога. И во името на таа национална слога, јас ќе ја дадам мојата поддршка за утрешниот протест“, порача Милошоски преку видео порака.

 

 

 

 

 

27.02.2018 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега