Откриен идентитетот на прилепчанецот кој почина на лице место во сообраќајка

Во 15 часот и 50 минути вчера на патниот правец Битола-Прилеп, патничко возило „Опел вектра“ со прилепски регистарски ознаки,  управувано од 38-годишниот З.Р. од Прилеп, излетало од коловозот и се превртело на покривот.

Од здобиените повреди на лице  место починал З.Р.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. 

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.          

 

 

 

27.02.2018 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега