Утре почнува судењето за апсењето на Љубе Бошковски

Утре, на последниот ден од февруари, во Кривичниот суд треба да се одржи првото рочиште за предметот на СЈО „Тортура“, што се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Во „Тортура" обинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфа" Ивица Антевски - Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Во оваа постапка првообвинет беше поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. Но, судот делумно го прифати обвинението на СЈО и според донесената одлука, да им се суди само на шетмината од единицата „Алфа", но не и на поранешниот прв човек на УБК.

На оваа одлука СЈО поднесе жалба до Апелацискиот суд, кој треба да одлучи дали обвинителниот акт ќе се однесува и на Мијалков. 

 

 

 

27.02.2018 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега