Повик за формирање авторски тимови за учебници за четиригодишно стручно образование

 Министерството за образование и наука објави повик за искажување јавен интерес за формирање авторски тимови за изработка на ракописи за учебници за четиригодишно стручно образование.

Авториски тимови ќе се формираат за образовни профили за наставни предмети од: шумарско-дрвопреработувачка струка; геолошко-рударска и металуршка; земјоделско-ветеринарна; градежно-геодетска; електротехничка; текстилно-кожарска струка; струка лични услуги; машинска струка; економско-правна и трговска; сообраќајна и здравствена струка. 

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим до архивата на Педагошката служба (ул. „Св.Кирил и Методиј“ 54 Скопје), заклучно со 5 март 2018. Пријавата може да се преземе од веб-страницата на МОН каде што е објавен Повикот и каде што се наведени другите документи кои треба да се достават. 

Министерството за образование и наука информира дека ќе склучи договори само со авторските тимови чии ракописи за учебници се одобрени со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.

 

 

 

27.02.2018 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега